Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд поддржувач на 11та меѓународна конференција за човечки ресурси во Скопје
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, неколку години по ред е поддржувач на Меѓународната конференција за човечки ресурси, којаоваа годинаќе се оддржи на 20-ти мај 2019 година во хотелот DoubleTree by Hilton, Скопје.
Како претставник на Факултетот и предавач на 11тата конференција за човечки ресурси, ќе се обрати д-р Џорџ Павлидис - Директор на програмите за пост-дипломски студии за невропсихологија во одделот за психологија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ - Грција. На годинешната конференција, д-р Павлидис ќе го сподели неговото искуство во однос на предизвиците и можностите при справување со стареењето на работната сила.
„Демографската промена на стареењето на населението во Европа носи повеќе предизвици и уникатни можности во корпоративната средина низ целиот свет. Затоа, на презентацијата ќе се анализираат главните предизвици, како потпирањето на организациите на постарите работници а за кои можеби не се подготвени, подеднакво голем предизвик е зголемувањето на стапките на пензионирање што потенцијално може да доведе до масовна интелектуална капитална загуба и тоа во вештини, знаења и искуства, а истовремено здравствените и пензиските шеми значително ќе ги зголемат барањата за финансиски средства”, стои во најавата за предавањето на директор д-р Џорџ Павлидис.
Во своето предавање, д-р Павлидис ќе ги претстави можните начини за решавање на овие предизвици преку истражување на неколку краткорочни и долгорочни стратешки цели, искористување на човечкиот капитал на постарите работници, спроведување на континуиран професионален развој на работното место, спроведување на стимуланси за промоција на здравјето и повторно размислување за шемите за соработка пред и после пензионирање.
Универзитетот Шефилд е рангиран меѓу првите 100 универзитети ширум светот (22 во Европа, 75 во светот - според рангирањето QS за 2019 година). Постојат 6 академски факултети, пет во Велика Британија и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ во Солун, Грција. СИТИ Колеџ спроведува програми на Универзитетот Шефилд во Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ речиси три децении, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и стекнат дипломи од врвниот британски универзитет.
Повеќе информации за учество и во врска со 11-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси се достапни на следниов линк.