Меланија ги запали социјалните мрежи: Фановите не можат да го „преболат“ овој детаљ, стилот на поранешната прва дама е непогрешлив!
Меланија Трамп покажа еден од своите летни изгледи. Поранешната прва дама е видена во Њујорк во бела кошула и зелено здолниште. Меланија беше фотографирана како се упатува кон својот автомобил, придружувана од нејзиниот тим за обезбедување пред кулата Трамп.
Меланија беше опкружена со членови од нејзиното семејството и блиските пријатели. Својот софистициран изглед го спои со разнобојни штикли, црна чанта и темни очила за сонце.
Таа ја обликувала својата медена руса коса во лабави бранови и носела мека, гламурозна шминка на лицето, вклучувајќи нежно розов кармин. Меланија реши да облече високи потпетици со шарен дезен.
На почетокот на овој месец, беше забележана облечена во стилски комбинезон додека беше излезена со нејзиниот син Барон Трамп.
Меланија поминувала повеќе време со својот син откако тој дипломирал. Минатиот месец Меланија на нејзиното лице имала широка насмевка, а поводот бил матурата на Барон. Меланија беше фотографирана како навива и аплаудира на дипломирањето и ја покажува својата возбуда кога тој ја добил дипломата.
Мајка и син беа фотографирани како ја напуштаат кулата Трамп за да се упатат кон нивниот имот во Бедминстер, Њу Џерси. Меланија тагува по смртта на нејзината мајка Амалија Кнавс.
Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs