Меланија Трамп во најпровокативните високи чизми на светот: Со стил ја напушта Белата куќа
Првата дама на Америка и нејзиниот сопруг Доналд Трамп решија да ги поминат празниците далеку од Белата куќа.
Меланија Трамп му се придружи на нејзиниот сопруг, веќе бивш американски претседател Доналд, на патување во Флорида. Имено, двојката во Флорида, поточно во Мар-а-Лаго, поседува луксузен имот на кој, според медиумите, планираат да се преселат кога ќе ги завршат своите јавни должности.
Двојката за празниците реши да се држи настрана од работата и Белата куќа, па затоа решија Божиќ да го поминат во својата омилена куќа. Ова е веќе семејна традиција, а познато е дека Меланија обожава да ги слави новогодишните празници што е можно подалеку од јавноста.
Тие се качија на приватен претседателски авион, а Меланија за патувањето одбра не толку едноставна и пријатна комбинација.
Имено, првата дама се појави во струкиран црн капут што го зачини со познатите сатенски чизми на висока потпетица со потпис од нејзиниот омилен дизајнер - Кристијан Лабутен.
Својот секси изглед го надополни со квадратни црни очила за сонце кои неодоливо потсетуваат на оние што ги носи најомилената прва дама на Америка - Џеки Кенеди.
Како ви се допаѓа овој стајлинг на убавата Словенка?
извор: stil.kurir.rsфото: PROFIMEDIA
-Во исти костуми: Меланија и Доналд Трамп за последен пат позираа во Белата куќа
-Никогаш не била посреќна: Со што ќе се занимава Меланија Трамп по напуштањето на Белата куќа