Никогаш не била посреќна: Со што ќе се занимава Меланија Трамп по напуштањето на Белата куќа

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

За разлика од нејзиниот сопруг Доналд Трамп, кој жали за загубата на претседателските избори во САД, 2020, се чини дека Меланија не ја дели истата тага.

Како што пренесуваат странските медиуми, како што многумина забележале, дамата која толку ретко се смееше, сега не ја симнувала насмевката од лицето!

Извори блиски до Трамп истакнуваат дека Меланија е опседната со подготовки за преселувањето, а нивниот нов дом по Белата куќа ќе биде имот во Палм Бич, Флорида. 

Се чини дека нема да страда многу за просторот на Белата куќа, бидејќи оваа зграда на Флорида има само 4 соби помалку!

„Таа само сака да си оди дома“, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Покрај тоа, иднината на Меланија не е неизвесна. Како што пишуваат медиумите, таа размислува да напише книга!

Покрај тоа, таа ќе продолжи да работи на нејзината кампања која се занимава со превенција и спречување на онлајн злоупотребите, но потенцијално ќе отвори и фонд кој е наменет за првите дами и кој ги покрива трошоците за нејзината понатамошна работа.

извор:glossy.espreso.rs