МЕНУВАЈТЕ СЕ: Овие 10 навики го уништуваат здравјето

Добивај вести на Viber

Ова се 10 најчести лоши  навики кои ги практикувате секој ден, а тие го „поткопуваат“ вашето здравје. 

1.Не нанесувате заштитна крема

Сончевите зраци можат да бидат штетни и во зимските месеци. Истражувањата покажуваат дека редовната употреба на крема со заштитен фактор 15 го намалува ризикот од рак на кожата за 40 проценти.

2.Прекумерно седење

Долгото седење има значително влијание на физичкото и психичкото здравје, односно го зголемува ризикот од развој на рак, дијабетес и згрутчување на крвта, а ја намалува продуктивноста. Ова не значи дека би требало секој ден да трчате маратон, дури и мали промени можат да бидат од голема корист. 

3.Недоволен сон

Недоволната количина сон може да предизвика здравствени проблеми како хипертензија, дијабетес, депресија, срцеви болести, прекумерна телесна тежина и воспалитени процеси. Мозокот исто така претрпува последици како слаба концентрација, лоши перформанси и променливо расположение.

4.Веднаш по будењето посегнувате по кафе

Елиза Севиџ објаснува дека организмот по будењето е дехидриран, а кафето ја влошува ситуацијата затоа што има својство на диуретик. Денот почнете го со чаша вода.  Точно е дека наутро кофеинот му помага на метаболизмот да се активира, но тоа не значи дека кафето е првата работа која треба да ја внесете во организмот.

5.Премногу обврски

Ако сакате да го избегнете хроничниот стрес, науете да кажете “не” на обврските и честите излегувања. Наместо тоа, издвојте време за одмор.

6.Го користите Гугл за решавање на здравствени проблеми

Ова е многу опасно бидејќи може да ја одложи вашата посета на доктор и примањето на соодветен третман.

7. Јадете во движење

Посегнувањето по сендвич за време на работењето во канцеларија може да ви се чини како”победа” на полето на мултитаскингот, но веројатно не сте свесни дека ваквиот начин на исхрана може да предизвика сериозни проблеми со варењето на храната.

8.Не се одвојувате од телефонот

Кој би рекол дека еден мал уред може да предизвика толку големи проблеми со рбетот. Искривеноста на рбетот додека гледате во екранот може да се одрази штетно на пршлените, лигаментите и коските. Потрудете се да го поставите телефонот на висина на очите, редовно да се истегнувате и времето поминато на телефонот да го сведете на минимум.

9.Не водите сметка за денталната хигиена

Една од најголемите грешки кои може да ги направите е да ја чувате четкичката за заби на отворено бидејќи бактериите од бањата завршуваат на неа.

10.Несвесно внесувате шеќер во организмот

Американската асоцијација за здравје на срцето истакнува дека максималната количина на шеќер за возрасни во текот на денот за мажи изнесува 37 грама, а за жени 25 грама.