Мерјем Узерли не личи на себе: Како само бојата на косата може да ја смени жената
Мерјем Узерли никогаш не изгледала поубаво, таа е одговорна за се...
Мерјем Узерли се прослави играјќи ја познатата Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ и оттогаш светските медиуми го следат секој нејзин чекор.
Таа ги освои сите со својата убавина, харизма и талент, а изгледот на Мерјем Узерли е тема која не престанува да се коментира кога зборуваат за неа.
Актерката пред неколку години се врати во родната Германија, каде одгледува две мали кучиња, а своите следбеници редовно ги известува за интересни работи од приватниот живот на социјалните мрежи.
Покрај актерските ангажмани и успехот, таа е позната и по нејзината склоност кон различни модни трансформации.
Мерјем најмногу сака да си игра со различни комбинации (турските медиуми пишуваат за неа како една од ретките актерки со препознатлив стил), а обожавателите често ги изненадува со нова фризура или боја на коса.
Ја гледавме со црна, кафена коса, но беше и русокоса. Таа боја дефинитивно најмногу и се допаѓа на познатата актерка бидејќи сега повторно ја обои косата во платинесто руса.
Последното појавување на Мерјем Узерли наиде на позитивни критики и комплименти. Фановите се согласуваат дека ваквата промена и била неопходна и дека сега изгледа поубаво од било кога.
Фото: ИнстаграмИзвор: Gloria.rs