"Месец на модата" во Рамстор Мол
Во пресрет на многу збиднување во наредниот период, Рамстор Мол организира "Месец на модата" кој ќе трае од 06 Мај до 02 Јуни. Во месецот на модата сите љубители на модните трендови и модата ќе можат да уживаат во незаборавно шопинг искуство по намалени цени и голем број на акции.
Започнуваме со "Недела на жената", од 06 до 12 Мај каде секоја жена ќе може да си купи одредено парче од својот омилен бренд по намалени цени.
Потоа следи "Недела на мажoт" од 13.05 до 19.05. Следна е "Недела на спортот" каде за сите љубители на спортот се предвидени големи попусти и акции во периодот од 20 до 26 мај. На крај е "Недела на детето" каде за вашите најмили ќе обезбедиме големи попусти и акции на голем асортиман на производи. Акцијата ќе трае од 27 мај до 02 јуни.
Знаеме дека сега е период на матурски, полуматурски, свади и разни прослави па токму затоа одлучивме Рамстор Мол да биде центарот на вашето внимание. Затоа бидете подготвени за месец на незаборавно шопинг уживање во Рамстор Мол.