„Ми откажуваа бубрезите и црниот дроб“: Познатата пејачка прозборе за мачната борба против алкохолизмот
Еден од најтешките форми на зависност, со кој се бореше и пејачката Мишел Хитон е алкохолизмот. Мишел (42) се прослави како девојка во женската група „Либерти икс“, но со нејзината слава дојдоа и сериозни пороци.
Поради прекумерна употреба на алкохол, но и дрога и откажале виталните органи, а нејзиниот сопруг Хју Хенли се потрудил да и помогне и да го зачува семејството. Најмногу внимание посветувал на децата, 10-годишната ќерка и 8-годишниот син, измислувајќи приказни за тоа како нивната мајка била „само уморна“.
- На почетокот на минатата година не бев сигурен дека Мишел ќе преживее. Се обидував да се борам со нејзиниот вртоглав пад, а во исто време да го задржам семејството заедно. Но, не знаев како сè ќе заврши за неа, мене и децата - рекол нејзиниот сопруг Хју.
Ситуацијата се влошуваше во текот на 2019 и 2020 година, а потоа дојде кулминацијата. Мишел заврши во болница по неколку дена пиење, а сега покажа како изгледаше - потечена со крвави очи, како некој да ја претепал.
- Во најлошиот момент пиев шише вотка и две шишиња вино дневно. Црниот дроб ми беше на работ на цироза. Денови ме одвојуваа од смртта – рекла таа.
- Три години шетав низ куќата на прсти, обидувајќи се да не ја разбудам Мишел додека ги подготвував децата или себеси за работа. Ми викаше ако ја разбудам - рекол нејзиниот сопруг.
- Децата не ги носев на училиште, не ги земав после училиште. Ќе одев да купам што повеќе пијалоци. Лажев и манипулирав со пријателите за да ги натерам да ми ги земат децата. Бев исцрпена, себична и алкохолот и дрогата ми беа единствениот фокус – изјавила Мишел.
- Сакав да умрам, бидејќи не знаев повеќе да живеам. Пиев и пиев и се ’наградував’ со алкохол дури и кога ми се слоши по првата пијачка. „Двајца лекари ми рекоа дека ќе умрам, дека црниот дроб и панкреасот ми откажуваат“, рече таа. На крајот, по интервенција на семејството и колегите, Мишел заминала на лекување од алкохолизам. Знаеше дека тоа е нејзината последна шанса.
-Моравме да позајмиме пари, кои сè уште ги враќам. Таа клиника чини 5.000 фунти неделно. Но, знаев дека моите деца ќе пораснат без мајка ако не закрепнам, дека нема да има втора шанса. Моето тело не би издржало подолго – рекла таа.
- Штом се опорави, нашата врска повторно се роди. Сè беше повторно исто. Но, се плашам. Ако пак се сопне и почне да пие, ќе морам да изградам 'ѕидови'. Ќе морам да се бранам себеси и децата“, изјави Хју.
Фото: Инстаграм