„Ми порасна девојчето“: Ќерката на Лејла Рамковска наполни 11 години

Добивај вести на Viber

Познатата инструкторка по јога Лејла Рамковска, ретко објавува фотографии со нејзините две деца, но овој пат имаше причина.

Ќерката на Лејла, Каја денес слави роденден, наполни 11 години.

„Ми порасна девојчето. Среќна 11-ка“, напиша Лејла на фотографиите.

Во една објава на Инстаграм, Лејла имаше напишно дека да биде мајка и другар со своето дете е можеби поголем предизвик од аспект на задржување на авторитетот како родител.

„Ако вложиш труд, и тоа како е возможно да бидеш и двете и да си ја имаш таа незаменлива близина“, стои во објавата на инструкторката по јога.


Лејла од бракот со Сефер со кој се разведе во 2017 година, ги има синот Кан и ќерката Каја. 

Фото: Инстаграм