Актуелно // Insta вести
Ми праќаш обврска да не мислам на болката, ќе пеам за тебе тато: Пејачката Елена Ристеска тагува
- 01 Октомври, 2023
29-ти септември е тажен ден за пејачката Елена Ристеска. Нејзиното срце пред точно 7 години го скрши заминувањето на нејзиниот татко.
„И секогаш на овие тешки датуми ми праќаш обврска за да не мислам на болката. На 29-ти септември, пред 7 години се разделивме, а на овој датум вечерва ќе пеам за тебе тато и за сите прерано заминати татковци од овој свет.“ - напиша пејачката на видеото составено од нивни заеднички семејни фотографии.