„Ми се допаѓаат оние со …“: Карлеуша откри дека има сексуално нарушување: Ја привлекуваат мажи кои користат помагала
Пејачката преку Инстаграм откри дека особено и се допаѓаат мажи со слаб вид.
Јелена Карлеуша со фотографија од бујни силиконски гради откри дека нејзиниот тип на мажи се бубалици, а со следната објава дополнително ја скокотка фантазијата на посилниот пол.
Како што истакна музичката ѕвезда, особено ја привлекуваат мажи со слаб вид, а се запрашала и за какво сексуално нарушување се работи.
- Се фатив себеси како сакам мажи со очила. Ама со тие многу дебели очила.... За каков вид на сексуално нарушување се работи? – напишала ЈК на својата инстаграм приказна.
Да потсетиме, Јелена Карлеуша повеќе од една деценија по концертот во белградско Ушче откри дека доживеала спонтан абортус, а по загубата поминувала низ агонија. Таа подетално за ова зборуваше на својот Инстаграм профил, а нејзините зборови допреа до јавноста.
Фото:Инстаграм