Ми се случи сѐ што никогаш не сакав - зборував дека не сакам оженети мажи, а бев причина за развод: Сузана Манчиќ искрено за животот

Добивај вести на Viber

Сузана Манчиќ е исполнета и среќна жена, а со саканиот маж е долги години, па сега за прв пат раскажа некои детали од својот живот.

Сузана Манчиќ е присутна на јавната сцена со децении, а многумина ја паметат како првата и најубава „Лото девојка“, кога беше една од најпопуларните ѕвезди на поранешна Југославија. Има две ќерки, со години е со саканиот маж, а живее на релација Белград - Атина. Никогаш не дозволила да ја нарекуваат старлета или да ја ставаат во ист кош со неморални жени затоа што сакала и била сакана.

„Многу молчев за мојот живот, затоа што некои работи треба да останат за мене. На многу работи имам заборавено, па и да сакам, не би можела да ви ги кажам“, со препознатлива насмевка изјави Сузана Манчиќ.
„Животот ми нудеше разни работи, некои ги прифатив, ама и ми се случи сѐ што никогаш не сакав. Така реков дека не сакам оженет маж, но се случи да бидам со оженет маж кој беше постар од мене. Знаев дека е оженет кога го запознав и му реков: „Те молам разведи се, па контактирај ме“. Но, животот ни носи разни ситуации и токму тој ме шармираше, работеше напорно за мене, и јас бев причината тој да се разведе. Жалам што го направив тоа, бидејќи тој ми даде многу, а јас не му дадов ништо за возврат“, искрено призна водителката која нагласи дека неколку пати во текот на животот сакала.

„Имав многу љубов и целиот мој живот е всушност потрага по љубов. Некој сака еднаш или двапати, а јас повеќе од еднаш. Сигурно сум имала десет големи љубови. Можеш да сакаш повеќе од еднаш или онолку пати колку што ќе ги отвориш душата и срцето да сакаш и да бидеш сакан“, објасни Манчиќ и додаде што ѝ било важно кај партнерите со кои била.

„Никогаш не сум имала тип на маж, не биле претерано згодни, но секој од нив имал своја интрига. Тоа е важно во љубовта, некој да те заинтригира“, вели Сузана, која досега има напишано два автобиографски романи.

„Пишував книги затоа што бев невработена. Ништо не работев неколку години и не бев навикната на тоа. Ме инспирираа издавачите кои ме тераа да објавам детали од мојот живот. Седнав и пишував, бидејќи имав време и за две години се родија две книги“, рече таа.

По 18 години врска, таа се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос во јули 2018 година. Свадбата се одржа во Грција, а тогаш го поканија најтесниот круг на семејството и пријателите.

извор:mondo.rs