Миа Костова повторно директна и остра: „Пројдете преку секое куче што лае и дајте му причина да ве следи“

Добивај вести на Viber

Таа е една од најозборуваните личности во нашата земја, е позната, атрактивна, посебна, своја, успешна, мајка... таа е Миа Костова.

Секогаш јавно зборувала за многу општествени и социјални теми. Најчесто нејзините објави, особено ако ги засега поголемиот дел од граѓаните секогаш станувале многу вирални, но и многу коментирани. Некои ја поддржуваат, други зборуваат негативно за неа, но каде и да се појави секогаш ги собира сите погледи. 

Деновиве е на Санторини, па од таму сподели многу моќна порака:

„После сѐ, најважно е да не прифатите рамнодушност. Ни од партнер, ни од близок, ни од пријател. За било која работа е добро да некој мисли дека сте дрски и безобразни, добри и посветени, да ве мрзат, да плукаат, да ве сакаат, да сте идол, да ве сожалуваат, да бараат помош. Ако сте сѐ ова во едно - патот е само право и нагоре. И секогаш е угорнина, па малку надолу… секоја следна е она што сте го посакувале ама сте мислеле дека нема шанси. Има, затоа што не може да не може. Пројдете преку секое куче што лае и дајте му причина да ве следи. Причината може да е и камен, ама бидете спремни да трчате. До тогаш, фрлајте по малку мевце. Сѐ во свое време. Фала ти, животе. И фала мене“.


Фото: Инстаграм 

Р.Ж.М