МИКРОБИОЛОГОТ ПАНОВСКИ: Индискиот сој може да стане посилен на есен, важно е дотогаш да има што поголем број вакцинирани во Македонија

Добивај вести на Viber

Индискиот сој или делта варијантата е веќе доминатна во Велика Британија, бидејќи според податоците од анализите, 90 проценти од новозаразените на дневна основа се со овој  сој. Кон крајот на годината се појави во Индија, и веќе е детектиран во огромен број земји, а деновиве има случаи и во Македонија. Професорот Никола Пановски за Фактор вели дека нема да можеме да го спречиме да влезе, но, како што потенцира, мора да имаме сериозна и масовна вакцинација за да во текот на есенските месеци не се доведеме повтроно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем.

-Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој или по ново, делта варијантата да влезе во земјата, прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број додека да влезе вирусот и колку вакцините ќе штитат. Лично сметам дека од нив ќе имаме многу поголема придобивка, отколку без вакцини. Истовремено, за мене е многу важен фактот што голем број од населението го прележале вирусот и дека касј нас дури и овој сој нема да се шири многу брзо, да има силен налет, односно тој и ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста. Ги следиме искуствата во Велика Британија, таму и на 11.000 случаи позитивни дневно, па и на 500 случаи имаат само 10 смртни. Смртноста не се зголемуваше драматично, можеби имаа и двојно повеќе од тоа, но сепак не стануваше збор за алармантна и крајно загрижувачка состојба, нагласува професорот.

Детали, читајте на Фактор, тука.