Животна училница // Приказни
Милица Тодоровиќ го прослави 32-от роденден: За подарок доби икона за која се верува дека е најсвета и датира од 6. век (ФОТО)
Пејачката Милица Тодоровиќ има посебна причина за славење, а тоа е нејзиниот 32 роденден.
Милица на Инстаграм ги сподели сите честитки и убавите желби. Меѓутоа, еден подарок посебно ја израдувал, тоа е иконата на Исус Христос, за која се верува дека е најсвета и датира од 6-ти век.
Се верува дека во оваа икона очите се различни поради двете природи на личноста на Исус - едната божествена, а другата човечка, грешна. Милица беше воодушевена од овој подарок и ѝ се заблагодари на својата сестра преку Инстаграм:
"Најубавиот подарок, мојата омилена икона. Секако, за изненадувањето е задолжена најомилената сестра. Ти благодарам, те сакам".
Инаку Милица го прослави роденденот со најблиските пријатели и колеги.