Милица Тодоровиќ искрено призна: Поради него сум во долгови, тој е крив за сѐ

Таа призна дека никогаш не знаела да бара пари.

Убавата и атрактивна пејачка Милица Тодоровиќ, призна дека зела кредит и сега го исплаќа.

Таа, исто така призна дека никогаш не знаела да „управува“ со пари.

Станува збор за кредит за стан сместен во елитната населба Нов Белград, кој Милица сè уште не го вратила.

- Не можев да купам стан во готово, бидејќи никогаш не ракував добро со пари. Зедов заем, кој сè уште го враќам. Станот воопшто не беше евтин, но јас навистина сакав да живеам во близина на мојот кум Стеван Анѓелковиќ - објасни Милица.

Иако во последните неколку месеци немаше приход поради состојбата со пандемијата на коронавирусот, поради што, како и нејзините колеги, беше спречена да настапува, Милица успешно се справува со отплатата на ратата.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Todorovic (@milicatodorovicofficial)


Таа исто така се пошегува дека Стеван е „виновен за сè“.

- Ме убеди да земам кредит, па затоа тој е виновен за сè. Се шегувам! Јас редовно ги плаќам обврските, иако не работам во моментот. Имам заштеди за да покријам сè - откри таа.


Фото: Инстаграм/milicatodorovicofficial

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Милица Тодоровиќ има две убави сестри: Со една од нив беше скарана поради пари