Милошоски доби четврто дете, Горан Пандев трето: Принови во 2018

Добивај вести на Viber

Ова беше бериќетна година за познатите личности во Македонија. Се родија многу бебиња кои внесоа радост во домовите на политичарите, 

Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски во септември добија ќерка која се вика Илина. 

Во интервју за Женски магазин, Сара на шега изјави дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина.

„ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко,а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара. 

Познатиот фудбалер Горан Пандев стана татко на Софија, која е негово трето дете. Фудбалскиот клуб „Џенова“ приновата му ја честиташе на Твитер.

Пејачката Аделина Тахири и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков го добија синот Јон. Аделина често објавува слики слики од синот на социјалните мрежи. 

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во јуни стана мајка на здраво машко дете кое ќе го носи името Петар. Тоа е првото дете во семејство на екс министерката Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко со кого се во брак од 2010-та година.

Пејачката Сања Лефкова го роди синот Лукас. Таа со сопругот Мики и со децата живее во Англија. Нивниот постар син е Никола. „Никола ќе има братче. Повторно машко. За името сè уште сме во дилема. Мојот прв син има неколку омилени и ќе видиме кое ќе го одбереме“, изјави пејачката за Женски магазин пред породувањето. 

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристевски и неговата сопруга Николина го добија синот Душан, кој се роди во Барселона и е нивно прво дете. Ристевски изјави дека името на синот му го дал по неговиот покоен татко.

Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ стана татко по четврти пат. Се роди неговата трета ќерка. Од првиот брак го има синот Давид, а од вториот брак има три ќерки. Првата ќерка Дариа се роди во август 2016-та година.

Пејачката Тамара Тодевска на 12 декември роди син. Пејачката на својот Фејсбук профил ја сподели убавата вест со своите пријатели. 

„Се роди нашиот Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на „Аџибадем Систина“ и на нашата докторка Гордана Петровска. Ви испраќаме безброј бакнежи“, изјави Тамара.

М.Џаровска