Здравје // Совети
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА НАБАВКА НА МОЛНУПИРАВИР: Тоа е единствен лек против ковид
Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид 19. Велат дека министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.
Посочуваат дека лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.
Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.
Детали читајте на ФАКТОР ТУКА.Photograph:( Twitter )