Министрите Сали и Транчевска му подарија златник на првото бебе родено во 2023: Момчето се роди на една минута по полноќ

Добивај вести на Viber

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот се роди првото бебе во 2023 година. Бебето е машко, тешко 3720 грама и долго 51 сантиметар.

Претпладнево беа во посета министерот за здравство Беким Сали и министерката Јована Транчевска, министерка за труд и социјална политика, кои им посакаа здравје и се најдобро на бебето и мајката.

Мајката на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од кочанското село Соколарци и тоа е нејзиното прво дете.

Целиот текст може да го причитате на Фактор.

фото: freepik.com