Мишел Обама го украде шоуто на Греми
Мишел Обама ги изненади сите кога се појави на сцената на доделувањето на наградите Греми, заедно со Лејди Гага, Џенифер Лопез и Алиша Кис.
Заедно се појавија на доделувањето на наградите, а Мишел дефинитивно го украде шоуто, пишуваат американските медиуми. Сите дами зборуваа за тоа какво влијание музиката имала на нивните животи, а публиката со силни алпаузи и со овации ja поздрави поранешната прва дама. Аплаузот толку долго траеше, што таа мораше да ја прекине публиката со зборовите:
„ Имаме шоу кое треба да го одработиме. Независно од тоа дали сакаме кантри, рап или рок музика, музиката ни помага да споделуваме достоинство, тага, надеж и радост. Ни овозможува да се слушнеме едни со други. Музиката ни покажува што е важно, секоја зборува со сечиј глас, секоја нота од секоја песна. Зарем не, дами“, рече Мишел во својот говор.
Церемонијата во познатиот „Степлјс центар“ во Лос Анџелес ја водеше Алиша Кис, добитиничката на неверојатни 15 Греми. Во преносот кој го следеа десетина милиони гледачи од целиот свет, настапија и Лејди Гага, Дајана Рос и Кејти Пери со посвета на Доли Партон.
Добитничка на наградата „Најдобар албум на годината“ е Кејси Масгревјс. За песна на годината, награден е Чајлдиш Гамбино за синглот „This Is America“, и тоа во силна конкуренција. Во категоријата за најдобар нов изведувач, триумфираше поп-ѕвездата Дуа Липа, а меѓу номинираните беше и во моментов најпопуларната рок-група „Грета Ван Флит“, која ќе настапи на овогодинешниот „Егзит“ во Нови Сад.
За најдобар поп-албум, награда освои Аријана Гранде за изданието „Sweetener“, додека Греми за најдобар рап албум, „Invasion of Privacy“ освои Карди Б, со што стана првата жена наградена во оваа категорија.
За најдобра рок-изведба постхумно е награден некогашниот фронтмен на составот „Аудиослејв“ и „Саундгарден“, Крис Корнел за песната When Bad Does Good. Францускиот тандем „Џастис“ е добитник на наградата за најдобар електро-денс албум.