Мислеше дека ќе добие отказ по 20 години работа во стоматолошка ординација: Газдата ја изненади кога почна да ѝ дава пари

Добивај вести на Viber

Софија Тил ја прослави својата 20-годишнина на работа и доби великодушно изненадување од работодавците - 20.000 долари!

Софија Тил 20 години работи за ортодонтите Мајк Нелсон и Рон Рајзинџер од Бомонт, Тексас, а неодамна беше изненадена со 1.000 долари за секоја година што работела во ординацијата. Целиот настан е снимен во видео кое стана вирално откако беше споделено на интернет.

Изненадувањето ја остави Софија во целосен шок. „Помислив: „Во ред, ми остана уште еден месец до 20 години. Знам дека нема да добијам отказ“, рече таа, објаснувајќи го своето двоумење додека влегувала во собата пред да почнат да ѝ даваат пари.

Софија работи во „Risinger & Nelson Orthodontic Specialists“ откако била практикант во мај 2002-рата година. „Ова е совршена позиција“, рече Софија. „Децата ставаат протези за да ја сакаат својата насмевка, за да стекнат поголема самодоверба. Тие обично се многу среќни на крајот. Значи, ова е забавна работа“.

Др. Нелсон и Др. Рајзинџер толку многу ја ценат Софи што решија да направат нешто посебно за неа за нејзината 20-годишнина. Тие рекоа дека Софија е голема причина зошто нивните клиенти се чувствуваат удобно кога доаѓаат во ординацијата.

„Софија е одличен пример за некој кој само носи радост и среќа во ординацијата секој ден“, рече др. Нелсон.

„Софија не е само вработена, туку семеен пријател и многу вредна личност каква што треба да има секој покрај себе“, рече др. Рајзингер. „Таа виде како оваа мала ординација дојде до ова што е денес и е една од причините зошто сме успешни.“

„Благодарна сум - ми беше непријатно тој ден - но благодарна сум и неверојатно е чувството да се биде ценет на тој начин“, рече Софија. 



Извор: www.novizivot.net