Мислев ќе загинам и немав кому да кажам дека го сакам: Тажна приказна на Џенифер Анистон

Актерката Џенифер Анистон откри дека во тек на еден лет мислела дека ќе загине. Анистон летала од Лос Анџелес во Мексико, а потоа почнале силни турболенции и авионот морал присилно да слета. Зборувајќи за ова искуство, актерката откри тажна вистина за себе.

Анистон и Елен во нејзиното шоу 

„ За време на турболенциите, сите ги извадија телефоните и пишуваа пораки на саканите личности, мислејќи дека ќе умрат. Јас немав на кого да пратам порака, да кажам дека го сакам. Не можев на никого да се сетам. Сепак, јас добив порака и тоа од водителката Елен Деџенерис. „Слушнав дека си и ти дел од летот кој има проблеми“, ми пиша Елен и ме праша како сум“. Тогаш сфатив дека има некој кој ме сака“, открила ѕвездата на серијата “Пријатели“.