Мистериозна смрт: Инфлуенсерката и мејкап артистка - Маја Миа пронајдена мртва во Африка

Добивај вести на Viber

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, била пронајдена мртва во Африка, јавуваат тамошните медиуми. Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации во африканските медиуми. Сепак нејзината смрт засега е мистерија.

За смртта на Миа објави и нејзиното момче на социјалните мрежи.

Танзанискиот музичар Оми Димпоз е скршен. 


Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.


На социјалните мрежи на кои Маја била доста активна нејзините пријатели и познаници изразуваат сочуство до семејството и се збогуваат со неа.

Сочувство и неверување за смртта изрази и Сефер Цаноски.


„Ние имаме свои планови, но господ има негови. Од него сме создадени и кај него сите ќе одиме.

Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да воспостават дипломатски односи.

Ја немав видено повеќе од 20 години од средношколските денови и минатата година во Дебар мало некој ми вика “кај си школски ? Гледам познато лице. Море школски Маја ме заборај ? 20 години сум Африка, останав ама не старееме, гледам дека си и ти добар , уба генерација сме не се даваме… Ај да и помогнеме на државава да се признајт да напрајме нешто. . .

Од секогаш беше добричина, уникатна и своја. Ја имаше истата енергија со еден куп планови и беше полна со живот.

Ми кажа дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на афричкиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена. Во тоа се уверив и сам во моето патување во Африка кога организираше средби со неколку земји и со цел државен врв во Преториа на Јужна Африка. Беше многу почитувана таму. А само 3 дена подоцна Ј. Африка испрати писмо до МНР на МКД дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желба и беше во Ј. Африка да има македонска амбасада.

Вчера министерката на претседателот на Јужна Африка ми се јави со шокантна вест и ме извести дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во несреќен случај.

Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека со нејзиниот вереник од Јужна Африка се слушнале за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки и ќе биде достоинствено погребана во својот Охрид.

Не можам да поверувам дека пишувам за оваа голема трагедија.

А имаше толку многу планови…

Сочувство до семејството и бог да ја прости.“ - напиша Сефер на социјалните мрежи.



Фото: Принтскрин/Инстаграм