МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА ДИЏЕЈОТ АВИЧИ: Што открива обдукцијата?

Добивај вести на Viber

Обдукцијата над телото на шведскиот диџеј Тим Берлинг, познат под уметничкото име Авичи, не покажале ништо сомнително во врска со неговата смрт, јавува шведската телевизиска куќа СВТ.

Како што се наведува , полицијата во Оман извршила две обдукции на телото на Авичи, кој во петокот починал во Мускат, престолнината на Оман.

Телевизијата наведува, повикувајќи се на информации на неименуван полицаец во Оман, дека обдукциите не покажале ништо сомнително и дека е исклучено убиството како причина за смрт.

Светот додава дека телото на диџејот е подготвено за да се врати во Шведска, родната земја на Авичи.