Младиот брачен пар ужива во родителството: Први фотографии од синот на Сашка и Ѓоле Ѓоковиќ

Добивај вести на Viber

Синот Александар, оваа година ја донесе најголемата радост во семејниот дом на Сашка и Ѓорѓе Ѓоковиќ, кој се роди на крајот на март.

Младиот брачен пар ужива во родителството, а најновото видео на Сашка Ѓоковиќ покажува колку уживаат во секоја секунда помината со малечкото.

Пред извесно време поранешниот водител и најмладиот брат на Ноле поради деловни обврски се пресели во потоплите краишта, поточно во Дубаи.

Бидејќи животот меѓу Србија и Обединетите Арапски Емирати не им претставува проблем, често можеме да видиме насмеани лица исполнети со радост и среќа покрај малото момче кое пребрзо расте на Инстаграм.

Вчерашното видео на Сашка Ѓоковиќ беше најкоментирано на социјалните мрежи. Имено, на видеото се таа и нејзиниот наследник кои постојано се насмеани и прегрнати.

Многу фанови коментираа дека бебето пребрзо пораснало, а најмладиот Ѓоковиќ со неполна година личи на својата мајка.

Сашка и Ѓоле несомнено уживаат во родителството, а бидејќи Александар е прекрасно бебе, многумина им посакаа тој наскоро да има другарка со која ќе си игра.

Кој знае, можеби во 2024 година повторно ќе не израдуваат со добри вести.

Фото: Инстаграм
Извор: Gloria.rs