Младиот Давид Миладинов е вистински музички амбасадор на нашата земја

Добивај вести на Viber

Награди, признанија, аплаузи ... Тоа се титулите дадени од публиката, а најдраги кај секој музичар. Интересна е приказната за младиот и талентиран штипјанец Давид Миладинов, внук на нашиот познат музичар и професор на факултетот за музичка уметност во Скопје и Љубљана, Симеон Савев, кој изминативе неколку години успеа да ја прошета Европа и светот и секаде со гордост да го носи македонското знаме и да ја преставува нашата земја...


Италија, Германија, Латвија, Бугарија се само дел од земјите каде Давид има гостувано преку учество на музички натпревари и фестивали од каде редовно се враќаше со награди.


Бугарија е земјата која всушност беше неговата „отскочна даска“ и го препозна неговиот талент, а таму своевремено се закити со титули „Најдобар вокал“ и „Најдобар пејач“, за да потоа почнат да се редат уште повеќе меѓународни фестивали и натпревари, по што следуваше Латвија каде освои две втори и една прва награда, Италија, од каде се враќаше со една прва и две втори награди, а сега следна земја која ќе слушне за неговиот талент и нашата земја е Израел.


Минатата година, Миладинов во Скопје, со оркестарот на „МОБ“ настапи на фестивалот „Коста Трпков“, фестивал за млади надежни таленти.

Периодов Давид реши да се посвети во создавањето на песна која ќе ја промовира пред својата македонска публика, а потоа со гордост ќе ја преставува насекаде во светот.


Песната ја работи во студиото и во соработка со нашиот Иле Спасев, а промоцијата и деталите очекувајте ги наскоро.