MНОГУ МАКЕДОНЦИ СОНУВААТ ДА СЕ ИСЕЛАТ: Натали Георгиева има поинаква приказна, од Канада се врати во Македонија
Додека многу Македонци размислуваат да се иселат од Македонија, Натали Георгиева има поинаква животна приказна. Таа лани се врати во земјава со најблиските. Вели дека работите во Канада се менуваат и тие донеле одлука да се вратат дома, во Македонија.
Оваа млада девојка своите искуства ги споделува на Јутјуб каналoт Back2TheBalkans со цел да им помогне и на другите луѓе кои имаат слични планови и интереси.
„Јас, мајка ми и брат ми одлучивме да си заминеме од Канада и да се вратиме во Македонија некаде кон крајот на март 2023 година. Одлуката не беше нешто за кое дебатиравме, туку напротив сите тројца индивидуално во исто време размислувавме за враќање. Денес, слободно можам да кажам дека Бог нè насочи и нè водеше дома. Ние само го послушавме“, вели Георгиева.
Објаснува дека квалитетот на живот во Канада веќе не е како порано и тоа придонело да се вратат во земјава.
„Има многу причини зашто ја напуштивме Канада. Како што објаснив во моето прво видео на Јутјуб, Канада не е повеќе таа ветена земја, примамлива за имигранти од целиот свет. Скоро непрепознатлива е за тие што се родени и израснати таму. Трошоците за живот станаа многу високи (на пример Канада има меѓу најголемите стапки на данок), купување на имот е многу тешко за помладите генерации, кириите се превисоки, а платите нa многу луѓе не ги покриваат месечните трошоци“, додава Георгиева.
Продолжува на фактор.мк