Многу сум тажна: Тијана за Женски магазин со сеќавање на Џеј

Тијана Дапчевиќ е една од оние јавни личности кои со голема тага се прости од својот пријател и колега Џеј Рамадановски, кој почина денес во Белград, поради проблеми со срцето. 

 Многу негови пријатели денеска евоцираат спомени со балканскиот крал на баладите, најголемиот боем, како што сите го нарекуваат. Секој од нив имаше своја омилена песна од Рамадановски која што ја споделува на социјалните мрежи. 

 „Мил мој Џеки. Ангелите нека те чуваат, многу ќе ни недостасуваш, а особено твојата насмевка и она твоето познато: „Кај си бе македонче? Шо ќе праиме“. Почивај во мир“, напиша Тијана на социјалните мрежи. 

По што ќе го памети својот пријател, таа сподели и за Женски магазин: „Ќе го паметам по тоа што секогаш беше насмеан, секогаш, кога и да ме видеше се обидуваше да зборува на македонски. Ги испеа најубавите балади, ја имаше најмагичната боја на гласот. Многу сум тажна“, ни изјави Тијана. 


М.Џ.

Фото: Инстаграм/tijana.dapcevic

Можеби ќе ве интересира:

Недела, а тебе те нема: Регионалните ѕвезди се простуваат од Џеј