„Mob wife bob“ трендот го освои светот на убавината: Жените ќе го обожаваат затоа што е лесен за стилизирање и одговара на сите

Добивај вести на Viber

„Mob wifebob“ изгледот го освои светот на убавината...

Полека, но сигурно, естетиката на „Mob wifebob“ изгледот го освојува светот на модата и убавината. Новиот тренд веќе го усвоија некои од најголемите ѕвезди како Хејли Бибер и Дуа Липа.

Стилот на мафијашка жена е инспириран од ликовите на мафијашите од познати филмови и серии, кои најчесто носат бунди од природно крзно, леопард принт, високи потпетици, скапи чанти, гламурозни фризури и силна и донекаде неуредна шминка.

Токму последната меѓу нив, Мишел Фајфер во улогата на Елвира Хенкок, во Scarface, беше најголемата инспирација за новата вирална фризура со графичкото име „mob woman bob“. Станува збор за безвременски долга боб  фризура кој подразбира директно потстрижена коса до вратот, а иако не е задолжително, пожелно е да се носи во пар со долги шишки. За да ја носите оваа фризура, вашата коса треба да биде уредно исчеткана, измазнета и сјајна бидејќи естетиката на мафијашката жена секогаш бара допир на гламур.

Главните предности на оваа безвременска фризура се тоа што изгледа добро на сите, без разлика на обликот на лицето и текстурата на косата. Покрај тоа, боб фризурата во која било верзија изгледа моќно и шик, и без многу труд. Бидејќи е малку поелегантна варијанта, ќе ви требаат и производи кои ја измазнуваат косата и и даваат сјај.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs