Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Моден погодок на Катица Јанева
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчеравечер гостуваше во емисијата „Правда и неправда“ во 1ТВ.
За гостувањето Јанева избра минималистичка модна комбинација.
Станува збор за модна креација во црна боја, која ѝ прилега одлично.
Накитот е секогаш тука да ја разбие монотонијата, а за оваа прилика специјалната јавна обвинителка избра интересен ѓердан во зелена боја со интересен бисерен детал. Инаку оваа боја е хит есенва.
Овој моден избор Катица го надополни со црни високи потпетици со светкави детали.
Шминката природна, со акцент на црвениот кармин, а фризурата во нејзин стил. Ова е дефинитивно едно од најдобрите изданија на специјалната јавна обвинителка.
Д.К.
Фото: 1ТВ