Моден ужас: Пердуви, кич, „џиш“ бои – најлошиот стил на Греми наградите и во историјата на црвениот килим (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Многумина се согласуваат дека таа требало да добие Греми награда за најлош стајлинг досега

Американската раперка Доџ Кет синоќа присуствуваше на Греми наградите во необичен фустан, па токму затоа оваа свечена вечер ја понесе неславната титула на најлошо облечена дама.

Имено, таа одеше на црвениот тепих во тоалетот до подот украсен со зелени, кафеави и црни пердуви на долниот дел, и бел горен дел изработен од еко кожа со црни и жолти детали. 

Целокупниот впечаток можеби не беше толку катастрофален, доколку фустанот немаше дегустативно длабоко деколте, што едвај ги криеше градите на пејачката и стигнуваше до папокот. 

Покрај прекумерното деколте, актерката имаше и длабок шлиц на фустанот, а сето тоа заедно доведе до коментар дека Доџ требаше да биде награден со Греми за најлош стајлинг во историјата на црвениот тепих.

Ваш коментар за фустанот на пејачката?


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Греми награди 2021: Бијонсе и Тејлор Свифт влегоа во историјата, церемонијата во знакот на „Black lives matter“