Моден фокус // Трендови
Модерна идна мама: Водителката Јелена Богојевиќ го истакнува трудничкото стомаче во пролетни комбинации
Во август минатата година водителката Јелена се вери за Срѓан Спасиќ, кој на романтичен начин ја побара Јелена за жена во Крушево, каде што беа на одмор. Јелена тогаш за Женски магазин изјави дека не очекувала прстен, а фотографиите од запросувањето кои ги споделија на социјалните мрежи ја опишуваа нејзината голема среќа.
Пред околу три недели Јелена сподели фотки на Инстаграм на кои веќе наѕираше трудничкото стомаче, кога даде до знаење дека е бремена.
Оттогаш таа сподели неколку фотографии на кои го покажува нејзиниот пролетен труднички стил.
Во фармерки, кошули, фустани - Јелена внесува бои и свежина во нејзиниот гардеробер.
Пред огледало со Јелена Богојевиќ: Зависник сум од парфеми, лосиони и креми за тело