Модна битка: Викторија Бекам и Маријана Миќиќ идентично стилизирани

Добивај вести на Viber

Неодамна водителката и актерка Маријана Миќиќ се осмели на една од најголемите трансформации оваа година, кога ја скрати долгата препознатлива коса и стана русокоса.

Деновиве пак, постави интересна фотографија на Инстаграм на која прави споредба со модната икона Викторија Бекам и прашува ВБ или ММ?

Имено, на фотографијата водителката носи идентична комбинација со онаа на Викторија Бекам, не се работи за истите модни парчиња, но за слични, кои се на ист начин искомбинирани. Дури си направи и фризура како фризурата на Викторија и позираше во стилот на Бекам, со рацете во џебовите.

Двете дами ги гледаме во калсични бели кошули и црвени панталони со висока половина и широки ногавици кои дефинитивно секоја дама би требало да ги има бидејќи одговараат на секоја фигура и прават да изгледате визуелно повисоки и потенки во половината.

Ние гласаме за двете, за која од нив гласате вие?