Модната Библија на Меланија Трамп: Изданија кои ќе влезат во историјата

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп е новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Неговото враќање во Белата куќа значи и враќање на Меланија Трамп на позицијата прва дама.

За време на првиот мандат на Трамп, Меланија Трамп беше поздравена како една од најдобро облечените први дами. Нејзиниот моден избор редовно беше предмет на модни дискусии и темелни анализи, а без сомнение ситуацијата ќе се повтори и во годините што следат.

Во текот на првите четири години како прва дама, Меланија покажа карактеристичен моден стил кој беше и минималистички и луксузен.

Често беше верна на неутралните комбинации, но не бегаше ниту од боите и впечатливите дезени. Едно од омилените парчиња облека и беше капут-фустан, а беше и голем љубител на елегантни костими.

Костимот кој многумина го паметат е оној што таа го избра за првата инаугурација на нејзиниот сопруг. Таа носеше фустан со бебешка сина боја и јакна на Ралф Лорен, а оваа креација многумина потсети на елегантниот шик стил кој Џеки О го обожаваше.

Истиот ден, на инаугуративниот бал, таа блесна во долг вечерен фустан потпишан од Ерве Пјер.

Фото: Инстаграм
Извор: Zadovoljna.dnevnik.hr