Модната дизајнерка Росица Мрсиќ стана мајка: Синчето доби светско име (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата македонска модна дизајнерка Росица Мрсиќ се оствари во улогата на родител 

Имено таа ја објави радосната вест на својот профил на Инстаграм, откривајќи дека родила машко бебе кое го доби името Мика. 

Мика е машко име со хебрејско потекло. Доаѓа од античкиот хебрејски Micha el (mi-ka-el) што значи „еднаков на Бог“, „кој е како Бог“. Според еврејската и христијанската традиција, ова е името на првиот од седумте архангели, водачот на сите ангели, победникот над Луцифер, отелотворен во форма на змеј. Ова е име кое е многу популарно во светот.


„Наш цел нов љубовен универзум“- напиша таа на слатката фотографија од малото бебенце.

Ова е прво дете за дизајнерката и нејзиниот долгодишен партнер Александар Танчевски.