Модниот стил на Дуа Липа во шоуто на Грахам Нортон
Нова модна икона во подем!
Британската поп пејачка Дуа Липа, полека но сигурно се искачува на светскиот музички врв. Нејзините песни се доста слушани ширум светот, а моментално таа е една од најбараните изведувачи на светската поп сцена. Но, покрај одличните вокални способности, не може а да не остане незабележан и личниот стил на Дуа Липа.
Светските модни магазини имаат само пофални зборови за стајлингот на оваа млада дама,па така не остана и незабележан и нејзиниот настап во шоуто на Грахам Нортон.
Овде, таа ја промовираше својата нова песна „One Kiss“ заедно со Келвин Харис, која воедно е и моментален хит. На овој настап, таа се појави во портокалово монохроматско сако од пролетната колекција на Версаче 2018-та година, во комбинација со екстремно тесни хеланки.
Овие хеланки, се вистински моден хит кои воедно потсетуваат и на чизмите – хеланки од луксузниот бренд Balenciaga. Нејзинита гардероба беше надополнет со ланче во облик на синџир и обетки, и сандали на платформа.