Модните експерти решија, овие џемпери од Fashion grup ќе ја одбележат оваа зима: Стил, удобност и топлина

Добивај вести на Viber

Во овој избор дефинитивно ќе најдете нешто за себе

Зимата е време за пријатна облека, а џемперот останува неизоставен дел од гардеробата, кој ги спојува практичноста и стилот.

Во 2025 година, модните дизајнери нудат нов поглед на оваа класична облека.

Од обемни текстури до светли принтови, изборот е огромен и секоја жена и маж ќе најдат нешто по свој вкус.

„Сепак, знајте дека оваа зима има точно пет модели на џемпери кои ќе бидат вистински хит“, велат модните експерти. Еве кои:

Џемпер плетенка 

*За повеќе детали клинкете на фотографијата

Плетените џемпери со дезени како плетенка се хит на зимата 2025 година. Плетенката додава визуелен волумен и удобност на џемперот. Трендот ќе биде и неутрални бои - сива, крем, беж и светли акценти како бордо и смарагд. Ваков модел може да најдете во продавниците на Хуго Босс, или да ја нарачате онлајн преку fashiongroup.com.mk и да биде ваш по намалена цена од 50% за само 6. 645 денари.

Детали во боја и живописни дезени 

*За повеќе детали клинкете на фотографијата

Монохроматското избледува во позадина, отстапувајќи место на смелите комбинации на бои. Геометриските форми, асиметричните линии и живописните принтови создаваат разиграно расположение кое ви помага да се издвоите од зимското сивило. Моделот на фотографијата е достапен во продавниците на Манго и онлајн на fashiongroup.com.mk, а може и вие да изгледате софистицирано доколку го купите по цена од 2.990 денари.

Јаки и детали 

*За повеќе детали клинкете на фотографијата

Во 2025 година акцентот паѓа на јаките. Во мода се високите деколтеа, стилските дуксери, па дури и поло џемперите. Декоративните елементи како големи копчиња, везови или светки додаваат индивидуалност. Овој несекојденевен дезен е дело на дизајнерите кои работата за Манго, а може да го најдете во нивните продавници или да го нарачате на веб сајтот на fashiongroup.com.mk за само 2.990 денари.

Оверсајз џемпери 

*За повеќе детали клинкете на фотографијата

Во зимската сезона предимензионираните остануваат вистински хит. Широките рамења, долгите ракави и лабавата форма обезбедуваат удобност и ви овозможуваат да креирате слоевит изглед. Овие џемпери одлично се комбинираат со тесни фармерки, хеланки или дури и мини здолништа. А овој модел на фотката во повеќе бои може да го најдете во Parfois по цена од 2.490 денари.

Еко материјали

Џемперите направени од рециклирани материјали или органска волна не се само модерни, туку и одличен избор. Тие ја нагласуваат важноста од грижата за животната средина, која станува составен дел на модерната мода.

Џемперите кои ги има во голем број со најразлични дезени, бои, материјали може да ги разгледате вертуелно на веб страницата на Fashion group. A доколку сте од оние кои се‘ уште сакаат да го опипат материјалот и на лице место да го пробат моделот посетете ги нивните продавници во поголемите молови во Скопје. Она кое е битно да се напомени дека во моментот Fashion group има попуст до 50% на некои парчиња од колекцијата есен-зима 2024.


Р.Ж.М.

Фото: freepik/Fashion group