Модно парче број 1 за во лето: Практично и погодно за сите прилики, потребна ви е само добра чанта
Одговара на секоја жена, без оглед на градбата...
Иако моментално не изгледа така, температурите наскоро ќе почнат да се качуваат и конечно ќе може да се збогуваме со зимските капути и џемпери, а воедно и да ги замениме во лесни материјали.
Подготовките за топлите денови и лето генерално, лесно може да започнат. Во продавниците веќе сѐ е прилагодено на летното расположение, па така се промени и палетата на бои и материја - весели нијанси, лен, чанти за на плажа, фустани во сите варијанти...
А, кога станува збор за најдобрата алтернати на летните фустани, тогаш тоа се секако комбинезонките кои се подеднакво разноврсни. Својката популарност ја добија пред неколку години, враќајќи се од 70 - тите, и оттогаш ниту една летна сезона не исчезнаа од сцената - се менуваат само најпопуларните модели.
Оваа година во тренд ќе бидат „utility“ комбинезонките кои потсетуваат на работничка униформа, но и предимензионираните модели од крут памук со широки ногавици, кои одлично изгледаат во секојдневни комбинации.
На патики, сандали, апостолки или било кои други летни чевли, комбинезонките може да бидат клучен дел од формулата за стајлинг во кој ќе се чувствувате пријатно и ќе изгледате одлично. Сѐ што ви е потребно е една добра чанта и подготвени сте за сите прилики.
фото: