Моден фокус // Трендови
Модно усогласена двојка за чиста 10-ка: Ленените комплети на Аделина Тахири и Серјожа Марков
Пејачката Аделина Тахири Марков и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков се совршена двојка во секој поглед, а тоа може да се заклучи и од последните фотографии од низниот заеднички летен одмор.
Стилски компатибилни и убави, на двојката не може да ѝ се најде ниту една замерка.
Нивните ленени комплети составени од удобни нежно сини кошули и бели панталони се за чиста 10-ка.
- Љубовта меѓу нас се роди без да знам дека сум вљубена. Јоже ми беше многу добар пријател. Година и пол ме молеше да одиме на кафе. Не дека јас се занесував, но само што излегов од врска и немав потреба да се запознавам со никој - раскажа своевремено Аделина во интервју за порталот „7 дена“.
Пејачката неодамна го прослави 30-от роденден во Монте Карло, во друштво на нејзиниот сопруг, и доби подарок од соништата.