Модно усогласени и страсно прегрнати: Парот за кој за два дена слушна цел свет, за прв пат е „уловен“ заедно (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Тие се заедно кратко време, а веќе почнаа да бираат облека во договор еден со друг

Американскиот актер и комичар Пит Дејвидсон, кој до неодамна беше во врска со Ким Кардашијан, сега е во врска со манекенката Емили Ратајковски, јавуваат американските медиуми.

По неколкудневни шпекулации, сега се појавија првите фотографии од двајцата, во Њујорк.

фото:T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пит и Емили, наводно, се собраа за да го прослават 29-тиот роденден на Пит, и беа модно усогласени - обајцата носеа соодветни црни јакни, бели маици и широки панталони.

фото:T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Парот првпат бил виден кога Дејвидсон го возел својот автомобил до станот на Емили, а толку многу папараци се преплавиле околу нив што Емили, која претходно излегла да го пречека, втрчала назад во зградата додека комичарот возел.

фото:T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пит неодамна раскина со Ким Кардашијан поради разликата во години, пишуваат американските медиуми, а Емили моментално се разведува од продуцентот Себастијан Бур-МекКлард. Според медиумите, причината е неговата прељуба.

- Да, ја изневерил. Тој е прељубник. Одвратно – рекол изворот.

Не е откриено со кого ја изневерил МекКлард, но дефинитивно е првпат манекенката и актерката да се види без бурма. Според последните гласини, продуцентот се уште не се откажува од бракот со една од најубавите Американки.

- Себастијан ја моли да му даде уште една шанса. Тоа нема да се случи затоа што истражувала и открила уште повеќе скандали и што ѝ работел зад грб - истакнал неименуван извор за споменатиот портал.

извор:GLOSSY