Ким Кардашијан заменета со нова убавица: Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски се новата романтична двојка

Според наводни информации, познатиот комичар си нашол нова девојка.

Познатиот комичар Пит Дејвидсон и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан неодамна се најдоа во центарот на медиумското внимание, бидејќи решија да ја прекинат љубовната врска и да тргнат по својот пат.

Иако на почетокот се наведуваше дека причината за разделбата е недостатокот на време, подоцна се покажа дека тоа не е така.

Странските медиуми објавија дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон раскинале, а наводно за се е виновен презафатениот распоред на овие двајца познати и успешни личности.

Како што сега пишуваат порталите, ова не е единствената причина, туку улога имала и разликата во години.

Пит се вери и со Аријана Гранде во 2018 година, но и таа љубов не траеше. После тоа девет месеци беше во врска со Ким Кардашијан.

 Многу нејзини обожаватели и членови на семејството ја поддржаа врската и истакнаа дека тој има многу позитивно влијание врз неа.

Меѓутоа, откако раскинаа, не му требаше долго време да најде замена за Ким, па пред неколку дена беше виден како се држи за рака со манекенката Емили Ратајковски.


 Само три недели пред да бидат видени заедно, Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг објавија дека се разведуваат. Нивното раскинување беше потврдено во септември.

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


Откако Пит и Емрата беа забележани заедно во Њујорк, многумина шпекулираат дека се одличен пар.

„Почина на 28 години“: Канје Вест на бизарен и застрашувачки начин го прослави раскинувањето на Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон