Моите деца и живот се на прво место: Медицинска сестра јавно даде отказ
Мелиса Томас Скот, медицинска сестра и мајка на четири деца, требаше да работи во болница каде безброј пациенти на ден се тестираа за коронавирус.
Како многу медицински работиници низ светот, и таа се соочи со недостиг на заштитна опрема, па со своите колеги мораа да ги користат истите маски и ракавици во текот на целата смена.
Мелиса е истотака и жена која се изборила со ракот на дојка.
- Му кажав на мојот надреден дека моите деца немаат каде да одат додека сум јас тука. Не можам да ги испратам децата некаде на чување, како сите останати- раскажува таа.
Со тоа, Мелиса јавно на социјалните медиуми објави дека ја напушта работата.
- Се грижам за моите пациенти и за сите, но моите деца и мојот живот се исто така важни, тие се на прво место - објави таа и ја напушти болницата.
Некои ја благословија што застана зад себе и своето семејство, додека други ја критикуваа што е себична и одби да им излезе во пресрет на пациентите.
Таа сега вели дека жали што изреагирала така, но смета дека тоа била вистинската одлука во тој момент.