„Мој си е, си го земав“ : Емра од „Преспав“ објави фотографии од свадбата со Петар

Добивај вести на Viber

Актерката Емра Куртишова, попозната како Исаура од хит серијата „Преспав“, иако важи за личност која го крие приватниот живот далеку од очите на јавноста, овој пат направи отстапка за да се пофали дека стапила во брак со актерот Петар Стојанов.

„Мој си е, си го земав“, напиша таа под свадбената фотографија.  

Инаку Емра и Петар се веќе неколку години во врска, а се Петар ја запроси кон крајот на 2022 година. И двајцата се актери во „Театар за деца и младинци“ во Скопје.


Фото:emrakutishova/instagram