Моќта на боите со Прима мебел

Можете ли да замислите каков би бил светот без бои? Веројатно можете, но во описот секако ќе кажете дека отсуството на бои воопшто не е возбудливо, туку, напротив – се наоколу изгледа сиво, неутрално, обично.

А сега замислете ливада со цвеќиња. Гледате зелена трева, цветови со различни бои и светот одеднаш стана поубав.

Да, боите ја имаат моќта да го сменат изгледот на се наоколу.

Истото тоа се случува и со боите во вашиот дом. Убаво е кога домот стилски ви има една доминантна боја, но секогаш е убава идејата да ставите и парче мебел кој ќе биде различно и ќе внесе нова енергија во просторот.

Тоа е идејата-водилка на нашите дизајнери кои секогаш внимаваат во своите дизајни да вметнат колку може повеќе бои за да направат свет кој ќе ви понуди повеќе можности.

Исто така, тие будно внимаваат и на тоа кои бои се актуелни во моментов, кои се модерни, кои се контрастни, кои се поинакви од се останато.

Затоа направивме едно мало истражување низ нашите салони за да ви помогнеме да ја одберете онаа тапацирана гарнитура која ќе идеално ќе „легне“ во вашиот простор.

Троседите Геа или Томас се одликуваат со бои кои на некој начин се понесекојдневни од обично. Но токму тоа и ги прави веднаш да „паднат“ в очи и ќе станат доминантна точка во секоја дневна соба. 

Доколку сте за помирни варијанти, Овиедо е гарнитура која со својата неутралност ќе одговара на скоро секој простор, па може да биде одлична основа која ќе ве предизвика да ставите ѕид во контрастна боја или фотелја која ќе биде сосема различна од оваа гарнитура.

Впечатливата сина боја на Талин е идеална посебно за помалите дневни соби кои и покрај тоа што се ограничени со простор ќе добијат впечатлив изглед. 

Проверете ги сите можни бои на гарнитури во Прима и почнете да планирате свој живот во волшебен свет пребогат со бои.     


*пр-објава