Момче е родено со два отсто мозок: Лекарите рекле дека нема никаква шанса да преживее, денес има девет години и е медицинско чудо

Ова момче е медицинско чудо, ги надмина очекувањата и на родителите и на докторите

Тоа е она што го велат родителите на момчето по име Ноа Вол. Пред девет години светските медиуми пишуваа за него - се роди момче со само два отсто од мозокот.

- Кога се породив, лекарите ми рекоа дека на Ноа ќе му биде тешко да преживее, и дека сигурно ќе биде во вегетативна состојба - вели неговата мајка Мишел (49). Таа и нејзиниот сопруг Роб (55), велат тие, паднале во целосен очај кога лекарите им ја кажале мрачната прогноза.


Но, сепак, Ноа ги надминал сите тие мрачни прогнози и во првите три години од неговиот живот му пораснал 80 отсто од мозокот, на општо чудење на лекарите кои го нарекоа медицинско чудо.

Ова особено се должи на извонредните напори на родителите кои беа решени нивниот син да преживее и да прооди еден ден. Ги посетиле најголемите светски експерти и го однеле на терапија, а клучниот момент бил кога слушнале за неврофизиатрот Кен Вера од Австралија.

- Мајката на Ноа ми се јави кога прочита напис за мене на еден портал. Стануваше збор за Мартин Хиберт, жртвата на бомбашкиот напад во Манчестер, кој исто така беше со мене на терапија. Иако мојот институт не се занимава со деца, решив да се обидам - ​​вели овој експерт.

Така, со години напор, терапија и труд, од бебе на кое му било кажано дека никогаш нема да зборува, да оди или да јаде самостојно, Ноа сега е деветгодишно момче кое напредува од ден на ден.


Фото: Profimedia

Кога сите доктори велеа дека не можам да забременам, останав бремена не со едно, со две бебиња: Скопјанката Лолита со силна верба се оствари како мајка