МОМЧЕТО ПОЧИНАЛО КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НЕКОНТРОЛИРАНО КРВАРЕЊЕ ОД МНОГУ ОРГАНИ: Директорката на Битолската болница со детали од обдукцијата
Причина за смртта на 24-годишното момче во Клиничката болница Битола е десеминирана интраваскуларна коагулација, покажуваат резултатите од обдукцијата. Во изјава за Фактор, директорката, д-р Елизабета Ивановска појаснува дека момчето практично искраварело од сите органи и системи.
-Кај нас е донесен во многу тешка состојба. Имал силна инфекција, ангина на крајниците, но не примал ништо цела недела. Само последните три дена бил лекуван со амоксиклав, лек препишан од страна на матичниот лекар. Но, ваквите силни инфекции пропратени со високи температури прават невидена штета на организмот. Резултатите од обдукцијата покажуваат дека причината за смртта е десиминирана интраваскуларна коагулација. Во ваков случај, многу брзо се трошат факторите за згрутчување на крвта, што доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот. Смртноста од тешките инфекции кои доведуваат до десиминирана интраваскуларна коагулациа е 96 проценти, вели директорката Ивановска.