Моментот кога ја запросив почнав да напредувам: Ова е сопругата на тенисерот Медведев-негова најголема среќа и поддршка

По поразот од Надал, Медведев кој не успеа да го освои турнирот во Австралија, утеха ќе бара во прегратките на сопругата Дарија.



Да се ​​запознаеме со љубовната приказна на овој пар.

Дарија и Данил уште во 2018 година го кажаа судбоносното да, по четири години врска. Наместо свадба имале мала приватна церемонија, која што се одржа во Москва, а Русинот во повеќе наврати и потенцираше на јавноста дека таа е неговата среќна амајлија, како и неговата најголема поддршка.

Двојката се запознала кога Данил имал само 18 години, а неговата сегашна сопруга исто така играла тенис. Убавата русокоса доминираше на теренот, но поради повреди мораше рано да се збогува со рекетот.



- Одлично е што разбира тенис, знае дека не можеме да одиме на шопинг пред мечот, разбира дека порано бев зафатен од 8 наутро до вечер. Можеби не е лесно да се навикнете, особено ако не разбирате тенис. Таа ми помогна да станам подобра личност и подобар играч - изјавил тенисерот во една прилика.


Медведев дури во една прилика во 2019 година истакна дека таа е најважниот член на неговиот тим, како и најголемата среќа и поддршка.

- Таа ми даде голема самодоверба. Секогаш велам дека моментот кога ја запросив е моментот кога почнав да напредувам – објасни тој.

Инаку, оваа млада дама ги завршила студиите по новинарство и работи во приватна фирма.


Фото: Инстаграм официјален профил/Медведев