Моден фокус // Трендови
Моника Белучи блескаше на доделувањето на наградите
Педесeт и три годишната Моника Белучи изгледа совршено, а голем број на списанија и ден денес ја ставаат во врвот на светските убавици.
Класичната убавина и завидната линија на доделувањето на наградата Давид Донатело, италијанската дива ја истакна во светквав црн фустан.
Црната креација обложена со светкави нитни, во која ги истакнува згодните нозе и деколтето, е креација на француската модна куќа Балмаин.
Атрактивната Италијанка вели дека рецептот за нејзината убавина е што никогаш не се оптеретувала како изгледа.
„Вежбам пилатас и пливам, но не се будам во шест за да одам во теретана. Не е важно колку години имате, се е во главата. Телото старее, но не и духот. Некој може да биде стар и на 20 години, вели Моника.