Монтажни болници, отварање лаборатории за тестирање: Регионалните Ковид центри за растоварување на здравствениот систем
Директорите на болниците од 16 општини во Македонија, денеска, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, како и со Комисијата за заразни болести ќе ги продочжат активностите за подготовка за евентуален есенски бран на корона вирусот. На денешниот состанок се очекува здравствените власти да слушнат со што до сега е располагано во справување со Ковид-кризата, дали овие општини имаат доволно медицински кадар, дали може во наредниот период да одговорат на потребите во случај да има евентуално поголем број на пациенти и дали во овие општини може да се формираат регионални Ковид-центри. Во оваа насока, регионалните Ковид-центри би требало да овозможат растоварување на здравствениот систем, односно да нема голема концентрација на пациенти болни од вирусот само во Скопје, а истовремено и тестирањата, односно анализите од тестовите да не се прават само во лабораториите во Скопје.
Фактор побара одговори од некои од првите луѓе на болниците во другите градови, како и од директорите на Центрите за јавно здравје, за тоа како во изминативе неколку месеци се справуваа со епидемијата на Ковид-19 во Македонија.
Во Штип, на
пример има само еден пункт за тестирање. До сега, како што за Фактор вели
директорката на штипскиот Центар за јавно здравје, д-р. Марија Димитрова,
тестирањата најмногу се вршеа теренски, а освен Штип, беа опфатени и граѓаните
од Радовиш, Пробиштип, Карбинци, Конче и други населени места кои гравитираат
околу Штип.
Целиот текст за Регионалните Ковид центри прочитајте го на фактор.мк