Мора да го имате: Јелена Розга и Ријана во фустан што е есенски хит

Добивај вести на Viber

Станува збор за фустан кој ги освои срцата на модните фанатици, а во нив дефинитивно спаѓаат и Јелена Розга и Ријана.

Ова е парче кое мора да се најде во вашата есенска колекција, бидејќи е атрактивен и многу женски кафеав фустан со спуштени раменици и долги ракави со набори.

Фустанот совршено ја истакнува тенката фигура на пејачката Јелена Розга, како и нејзиното деколте, а комбинирањето со црвени сандали и црвен кармин е полн погодок.

Овој чоколаден кафеав фустан наликува на многу трендови кои беа вистински хит во текот на 90-тите години.

Модната икона Ријана, на ревијата за долна облека на својот бренд „Fenty“ , носеше слична креација на фустанот, само со голи раменици. Тренди мачкести очила за сонце, минимално накит и градник од колекцијата, се нештата со кои пејачката го износе овој фустан со стил.

Како Ви се допаѓа?

Д.К.